Амбасадата на САД ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина

1 min read

Соединетите Американски Држави синоќа ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина.

-Безбедносната ситуација низ Украина останува брутална и непредвидлива поради континуираните напади од Русија, активните непријателства во земјата и неизвесните безбедносни услови. Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани да не влегуваат во Украина, а оние во Украина веднаш да ја напуштат, користејќи превоз ако е безбеден, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев, пренесува ПРМ.УА.

Амбасадата, исто така, бара од Американците да избегнуваат масовни собири и организирани настани, бидејќи тие би можеле да станат цел на руската војска каде било во Украина, вклучително и западните региони.

kurir.mk

Претходно

Приведено уште едно лице кое пукало на плоштадот Скендер бег, МВР поднесе кривична пријава

Следно

Мицковска „скршена“ од настанот во скопската Зоолошка – еве што порача

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian