Зендаја е најмладата двократно номинирана актерка за наградите „Еми“ за најдобра главна улога

3 mins read

Очигледно и оваа година барем дел од телевизиските награди „Еми“ ќе завршат во рацете на младата талентирана актерка. Зендеја Мари Стормер Колман, или попозната само како Зендаја повторно влезе во историјата на номинациите на наградите „Еми“  благодарение на својата улога во серијата на „HBO“, „Euphoria“.

Откако во 2020 година веќе влезе во историјата како најмлада добитничка на наградата за најдобра главна актерка во драмска серија, Зендаја благодарение на улогата на Ру Бенет во „Euphoria“ доби и втора номинација, со што стана најмладата двократно номинирана актерка за „Еми“ во категоријата најдобра главна улога.

Таа со улогата на Ру, тинејџерка која се бори со зависност, ги победи другите номинирани актерки – Џоди Комер и Сандра О од „Killing Eve“, Лора Лини од серијата „Ozark“, ѕвездата на „The Crown“, Оливија Колман и Џенифер Анистон од „The Morning Show“.

Во категоријата најдобра актерка за 2022 година повторно се номинирани Џоди Комер, Лора Лини и Сандра О, а покрај нив со номинација се здобија и Мелани Лински (Yellowjackets) и Рис Витерспун (The Morning Show).

Која е Зендаја?

Таа се здоби со популарност во американската телевизиска серија „Shake It Up“, каде ја играше главната улога како Роки Блу со нејзината партнерка за танцување Сиси Jонс, која ја играше актерката Бела Торн.

Зендаја е родена на 1 септември 1996 година во Оукланд, Калифорнија, а моментално живее во Лос Анџелес. Кариерата ја започнала како модел, но поради големата љубов кон театарот се префрлила на глума.

Нејзината мајка работела цел живот како менаџер на театар, па Зендаја се за заљубила во „даските што значат живот“ дури и кога била мала.

Таа глумеше во популарните кино хитови како „Спајдермен: Далеку од дома“, „Најголемиот шоумен“, а наскоро ќе се појави и во римејк на филмот „Дина“ од 1984 година.

Пoмеѓу кандидатите за најдобра драмска серија покрај „Euphoria“ се наведени и „Better Call Saul“, „Ozark“, „Severance“, „Squid Game“, „Stranger Things“, „Succession“ и „Yellowjackets“.

Зендаја доби дополнителни 2 номинации за Еми 2022 година во категоријата за најдобра оригинална музика и текст за „I’m Tired“ и „Elliot’s Song“. Номинациите за наградите Еми за 2022 година беа објавени во вторникот, а доделувањето на истите ќе се одржи на 13-ти септември.

Зендаја мината година се закити и со уште едно значајно признание. На младата актерка и беше врачено признанието „SeeHer“. Тоа им се доделува на жените кои ги поместуваат граници, кои се борат против стереотипите и ја препознаваат важноста на автентичните женски ликови во индустријата за забава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкупи ги дозна можните противници во третото коло доколку претходно успее да го победи Динамо

Следно

Фон дер Лајен: Почитувани Македонци, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian