ВИДЕО | Утрово е подобра ситуацијата со пожарот кај Шибеник

1 min read

Утрово е подобра ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти утринава хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува Хина.

„Утро во Затон и Раслина. Подобра ситуација, нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни“, напиша Божиновиќ на Твитер.

Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили.

Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени.

Фото: Xinhua / Eyevine / Profimedia

Најтешка е состојбата во Раслина и Затон, а голем број граѓани побегнале со чамци.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку општини од Скопје утре ќе останат без струја

Следно

Американски политичар со порака до Бајден: Пушташ мигранти илегално да влезат во САД, а да го пуштиш и Новак?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian