ВИДЕО: Најмалку 12 загинати во руски напади во централна Украина

1 min read

Најмалку 12 лица загинаа, а 25 се ранети во руски напади во централна Украина, пренесе Бета повикувајќи се на украинската служба за итни случаи.

Цел на нападите била и Виница, град кој досега беше донекаде поштеден од борби.

– Во 12:15 часот (9:15 часот по Гринич) 12 загинати и 25 повредени, објави на Фејсбук украинската служба за итни случаи.

Како што се додава, во моментов се гасат пожарите предизвикани од нападите.

За нападот информира и украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.

– Виница. Ракети го погодија центарот на градот. Има повредени и убиени, меѓу нив и мало дете. Секој ден Русија уништува цивили, убива украински деца, насочува проектили кон цивилни објекти. Каде што нема ништо воено. Што е ова ако не е отворен терористички акт? Нелуѓе. Земја убиец. Терористичка земја, напиша Зеленски на Фејсбук.

Вінниця. Ракетні удари по центру міста. Є поранені та загиблі, серед них – маленька дитина.

Щодня Росія нищить мирне…

Posted by Володимир Зеленський on Thursday, July 14, 2022

kurir.mk

Претходно

Кејт Мари Брнз за МИА: САД отсекогаш го поддржувале пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Следно

Најмалку 2.000 полицајци, хелихоптери, оклопни возила, специјални единици…во центарот на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian