Турција бара да ѝ испорачаме 80 „терористи“ и да затвориме три училишта

2 mins read

Турција очекува Северна Македонија да одговори на нејзините барања за екстрадиција на речиси 80 луѓе жители на земјаа, за кои Анкара тврди дека се поврзани организацијата ФЕТО, која турските власти ја сметаат за одговорна за обидот за државен удар во Турција пред шест години.

Tурскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок денеска на прес-конференција рече дека власта на Реџеп Таип Ердоган бара од македонските власти да затворат три училишта во Скопје, Тетово и Струга, кои според Анкара се поврзани со таа организација. Амбасадорот зборуваше ден пред 15 јули, датумот на кој се случија настаните во Турција во 2016 година, кој оттогаш властите го одбележуваат како „Ден на демократијата и националното единство“.

– ФЕТО е терористичка организација која ѝ припаѓа на новата генерација терористички структури. За стратегија го имаше инфилтрирањето во државните институции со цел преземање на државата под контрола однатре. ФЕТО во државните институции си поставуваше свои млади припадници манипулирани низ дејствија зад превез на образовни и хуманитарни активности. ФЕТО преку своите паравански структури од областа на образованието, медиумите, банкарството и останатите области од економијата настојуваше да оформи структура во Туркије и во разни странски земји. Борбата против ФЕТО во земјата и во странство во изминатите шест години беше еден од приоритетите на државата – рече турскиот амбасадор.

На соговорниците на највисоко ниво во други земји, рече тој, турските власти и дипломатски претставници им објаснуваат дека ФЕТО е закана и за земјите во кои дејствува и дека се почнати правни процеси во врска со структурите на ФЕТО во странство и согласно спроведените истраги во Турција, до други земји се доставени барања за протерување и екстрадиција, а се замрзнуваат и имотите на лицата и институциите кои финансиски го поддржуваат ФЕТО.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СМЕШНО ВИДЕО | Куче се обидува да ѝ украде храна на сопственичката без таа да го забележи

Следно

Руската државна телевизија „Раша Тудеј“ отвора претставништво во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian