Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со маички со натписи го истакнаа своето незадоволство кон францускиот предлог

1 min read

Денес покрај пратениците на опозицијата во Собранието што држеа транспаренти, своето незадоволство од францускиот предлог го истакнаа и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тие на редовната седница на Советот на општина Гази Баба беа облечени со бели маици на кои беше испишано: „Гази Баба вели не!“

Ова на својот фејсбук профил го сподели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој во својата објава напиша:

„На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба заедно со Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата испративме јасна порака: НЕ за бугаризација на Македонија! Ова е Република Македонија, тука се зборува на македонски јазик и имаме македонска историја!“

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Џафери: Пораката на Фон дер Лајен е јасна – во предлогот стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет

Следно

Уште една драма на Халкидики: Четиригодишно дете од Србија се загуби на плажа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian