Со сопругата побегнаа на Малдивите: Претседателот на Шри Ланка поднесе оставка преку меил

1 min read

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса му испрати меил на Парламентот, каде поднесува оставка од претседателската функција.

Тој и неговата сопруга вчера побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили.

Сега, Раџапакса слетал во Сингапур, каде бил во „приватна посета“, според тамошните власти, а ниту побарал, ниту му е одобрен азил.

За време на викендот, демонстранти упаднаа во неговата претседателска вила, а вчера ја зазедоа и канцеларијата на премиерот Ранил Викрамасинге, кој брзо ја презеде функцијата вршител на должноста претседател.

Незадоволни граѓани на Шри Ланка сега бараат оставка од премиерот.

Земјата има недостиг од храна, лекови, гориво и се наоѓа во најлошата економска криза од стекнувањето на својата независност во 1948 година. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ковачки сакаше да го запали францускиот предлог, но не успеа, па го искина

Следно

Изгоре автомобил во Скопје

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian