СМЕШНО ВИДЕО | Куче се обидува да ѝ украде храна на сопственичката без таа да го забележи

1 min read

Многу сопственици мака мачат со своите миленици кои се постојано гладни и бараат храна. Крадат, молат, ја ставаат главата на маса, се лигават… Се со цел да добијат барем едно залче.

Кучињата се секогаш гладни. Секогаш кога некој јаде, тие се тука да видат дали можеби ќе добие „човечка“ храна.

На фејсбук-профилот „Doggos and Puppers“ се појави видео каде што сопственичката јаде, а нејзиното куче чека дали таа ќе му даде да проба од нејзината храна.

Кога сфатило дека тоа нема да се случи, кучето работело на стратегијата како да украде нешто без неговата сопственичка да го забележи. Но, секогаш кога сопственичката ќе се сврти кон него, кучето се оддалечува од храната и гледа настрана. Вешто избегнува контакт со очите и се прави дека не се обидувал да украде парче храна пред секунда.

Погледнете го видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Антиќ: Ова е историски момент за женската кошарка, верувам дека можеме да ја победиме Словенија

Следно

Турција бара да ѝ испорачаме 80 „терористи“ и да затвориме три училишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian