Скандинавски предизвик за кошаркарите во претквалификациите за ЕП 2025

1 min read

Кошаркаркарската репрезентација на Македонија денеска ги дозна и имињата на другите два противници кои ќе бидат дел од групата „Д“ во претквалификациите за Евроското првенство 2025 година.

На ждрепката што се одржа во Минхен, Македонија доби скандинавски селекции, репрезентациите на Данска и на Норвешка.

Кошаркарите претквалификациите ќе ги започнат во август (22. до 29. август), ќе играат против Данска.

Што се однесува до системот за натпреварување, селекциите се поделени во три групи по четири учесници. Екипите ќе играат со другите тимови во група (дома и на гости) преку три т.н. „прозорци“, во август и ноември годинава, и во февруари 2023 година.

Првопласираната репрезентација од секоја од трите  групи, плус Кипар како домаќин на Евробаскет 2025, ќе заработи место во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Преостанатите селекции од второто коло од претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 ќе имаат шанса заедно со екипите од првото коло на претквалификациите за Евробаскетот 2025, да се натпреваруваат за преостанатите четири места во квалификациите за еврошампионатот (дома и на гости во јули 2023 година), а извлекувањето на двојките за третото коло ќе се одржи по завршувањето на вториот круг.

ГРУПА Д: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Данска, Норвешка
ГРУПА Е: Хрватска, Полска, Австрија, Швајцарија
ГРУПА Ф: Португалија, Бугарија, Романија, Кипар

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дачиќ: Очекувам СПС да биде во новата влада, ние сме стабилен партнер на СНС

Следно

Во Клиничката болница Жан Митрев: -30% за снимањето на густина на коски со остеодензитометрија (DEXA скен)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian