Шпанија подготвена за кандидатурата за СП 2030, во игра се дури 15 стадиони

1 min read

Фудбалската федерација на Шпанија заедно со Португалија планира да поднесе кандидатура за заедничка организацијата на Светското првенство во 2030 година и сака натпреварите да се играат на стадионите на најдобрите екипи, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид.

Вкупно 15 стадиони се во игра да бидат домаќини во Шпанија, додека Португалија би била домаќин на натпревари на три стадиони.

– Ова е најважниот проект што Шпанија ќе го реализира и на кој ќе се фокусира во следните неколку години – изјави претседателот на фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес.

Покрај стадионите на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, кандидирани се и стадионите во Виго, Ла Коруња, Хихон, Билбао, Сан Себастијан, Сарагоса, Валенсија, Мурсија, Севиља, Малага, Лас Палмас и стадионот на Еспањол во Барселона.

Евалуацијата на шпанските градови ќе се направи во ноември, а засега не е познат датумот кога ќе биде објавено кои стадиони ќе бидат претставени како домаќини во официјалната понуда.

ФИФА допрва треба да ги објави условите за кандидатурата за домаќин на Светското првенство во 2030 година, а изборот на домаќинот ќе биде во 2024 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руската државна телевизија „Раша Тудеј“ отвора претставништво во Србија

Следно

Дневен хороскоп за 15 јули: Се наоѓате во емотивен јаз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian