Шкупи ги дозна можните противници во третото коло доколку претходно успее да го победи Динамо

1 min read

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи ги дозна можните противници во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Шкупи во второто коло од квалификациите игра против хрватскиот шампион Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Динамо кој е фаворит, првиот натпревар против Шкупи ќе го игра во Загреб на 19 јули, а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Скопје.

Победникот од овој двомеч, во третото коло од квалификациите би можел да игра со Аполон Лимасол или со победниците од дуелите во второто коло:

Лудогорец – Шамрок Роверс
Шериф Тираспол – Марибор
Бодо Глимт – Линфилд
Ференцварош – Слован Братислава
Дуделанж – Пјуник
Аполон Лимасол
Ждрепката ќе се одржи на 18. јули.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најмалку 2.000 полицајци, хелихоптери, оклопни возила, специјални единици…во центарот на Скопје

Следно

Зендаја е најмладата двократно номинирана актерка за наградите „Еми“ за најдобра главна улога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian