Шкендија брани два гола предност во Ерменија, тешка задача за А. Пандев 

2 mins read

Екипите на Шкендија и на Академија Пандев имаат поинакви предизвици на денешните реванш натпревари од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

Шкендија денеска (17 часот) во Ереван му гостува на Арарат и брани два гола предност (2:0) од првиот натпревар, додека Пандевци на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ тргнуваат со негатива од 1:4 против Лехија Гдањск.

Тетовските „црвено-црни“ предводени од тренерот Артим Шаќири се свесни дека ништо не е готово во двомечот со Ерменците.

– По добрата игра и позитивниот резултат од првиот натпревар, сега нè чекаат уште 90 минути. Ќе влеземе во мечот за да извлечеме што попозитивен резултат. Го анализиравме првиот дуел и верувам дека со максимална посветеност на зелениот терен ќе успееме да се пласираме во следната рунда – вели фудбалерот на Шкендија, Ферхан Хасани.

И покрај високиот пораз „пандевци“ на возвратната пресметка нема да влезат со „бело знаме“, туку ќе се обидат со сите сили да ја анулираат негативата.

– Лехија е фаворит во овој двомеч, но според мене резултатот во Полска не е реален, бидејќи имавме шанси кои не ги искористивме. Нема да се предадеме, тимот верува дека може да направи успех. Мораме да бидеме перфектни и во одбрана и во напад, Лехија има квалитет и знае секоја грешка да ја казни. Тешки се европските мечеви бидејќи се играат во висок ритам, но ние имаме млади играчи кои сакаат да се докажуваат – вели тренерот на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Делумно блокиран влезот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Следно

Бил Гејтс донира 20 милијарди долари на фондацијата што ја води со својата поранешна сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian