Претседателто на Собранието, Талат Џафери, ја прекина 81-та пленарна седница, на која пратениците расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на француското претседателство.
Седницата, која ќе продолжи утре, денеска измина во тензична атмосфера, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го попречуваа излагањето на премиерот Димитар Ковачевски, свирејќи со вувузели и свирчиња. По завршувањето на седницата, опозициските пратеници излегоа пред Собранието и му се приклучија на протестот против францускиот предлог, кој е во тек.

Откако ќе заврши расправата, ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе ѝ бидат испорачани на Владата.