Руската државна телевизија „Раша Тудеј“ отвора претставништво во Србија

1 min read

Руската државна телевизија „Раша Тудеј (РТ)“ ќе отвори свое претставништво во Србија, објавија српските медиуми, а оваа информација ја потврди и уредникот на рускиот портал Спутник во Белград.

Станува збор за телевизија која од март е забранета од ЕУ поради „охрабрување и поддршка на руската агресија“ против Украина, а нејзиното реемитување беше запрено и во Македонија.

Главната и одговорна уредничка на рускиот портал „Спутник Србија“, кој исто така е дел од мрежата руски државни медиуми, Љубинка Милинчиќ, за Нова.рс потврди дека отворањето на претставништвото на „РТ“ се подготвува.

Советот на ЕУ уште во март ја суспендираше медиумската дистрибуција на руските државни канали „РТ“ и „Спутник“ низ територијата на Унијата, а санкциите – според медиумските извештаи – ги опфаќаат сите средства за пренос, како што се кабелски, сателитски, „IPTV“ , ТВ платформи, веб-страници и апликации и суспендирани се сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција.

Во Брисел оценија дека овие два медиуми се важни инструменти за „охрабрување и поддршка на руската агресија“ врз Украина и дека претставуваат „значајна и директна закана за јавниот ред и безбедноста на ЕУ“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција бара да ѝ испорачаме 80 „терористи“ и да затвориме три училишта

Следно

Шпанија подготвена за кандидатурата за СП 2030, во игра се дури 15 стадиони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian