Реми на Шкендија во Ереван за пласман во следната квалификациска рунда во Лигата на конференции

1 min read

Екипата на Шкендија обезбеди пласман во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции откако одигра 2:2 на гостувањето во Ереван против Арарат и ја зачува предноста од првиот меч.

Минатата недела, Шкендија славеше со 2:0 и со вкупен резултат 4:2 обезбеди пласман во второто квалификациско коло.

Тетовските „црвено-црните“ во Ереван одиграа одлични први 45 минути во кои дојдоа до предност од 0:2 со кои ги решија дилемите околу патникот во следната рунда.

Шкендија поведе уште во втората минута благодарение на автоголот на Браво, додека вториот гол го постигна Синдрит Гури во последните моменти од првиот дел.

Во второто полувреме дојде до мало опуштање на фудбалерите на Шкендија и тоа ги чинеше два гола. Двата гола за Арарат ги даде Гор Малакјан во 49. и 79. минута.

Следен предизвик за Шкендија во квалификациите ќе биде летонскиот тим Валмиера, првиот натпревар тетовчани ќе го играат на гости идниот четврток, а реваншот ќе се игра во Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иран се закани: Ќе ја казниме секоја грешка на САД и нивните сојузници

Следно

Карди Би и Офсет ѝ подариле на својата ќерка 50.000 долари за четвртиот роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian