Рецепт за македонска пинерлија – погача прелиена со јајца и сирење

1 min read

Некои ја викаат пинерлија, некои пинирлија… традиционалната македонска погача со сирење и јајца е единствена на овие простори, а рецептот се пренесува со генерации.

Тестото е воздушесто, збогатено со обилен фил со јајца и сирење. Мека како морска пена.

Состојки

– 700 г брашно

– 1 коцка свеж квасец

– 1 лажичка сол

– 1 лажичка шеќер

– 120 мл масло

– вода по потреба

– 6 јајца

– 400 г сирење

– 70 мл масло

– сол, бибер по вкус

Подготовка:

Во соодветен сад се ставаат брашното, квасецот, шеќерот, солта, маслото, постепено се додава водата и се замесува помеко тесто. Состојките се замесуваат со веќе подготвениот квасец (меко тесто) и се дуплира во големина. Квасецот претходно разматете го со малку млака вода и шеќер и сол.

Совет: Не го додавајте целото брашно одеднаш, за да не биде многу тврдо тестото.

Важно е тестото убаво да се измеси. Оставете го тестото на топло место да стаса.

За филот е потребно посебно да ги соединете сирењето и јајцата, па посолете ги по вкус.

Надојденото тесто ставете го во подмачкана тава, со раце растенчето го тестото од страните, направете рабови за филот да не истекува.

Кората прелијте ја со филот со сирењето и јајцата, па наросете мелен пипер.

Печете на 220 степени околу 20 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уште една драма на Халкидики: Четиригодишно дете од Србија се загуби на плажа

Следно

Пратеничката Стојановска го искина францускиот предлог, пратениците заминаа на пауза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian