„Принцот на Рим“ потврди дека се разведува од Илари Блази по 17 години брак

1 min read

На почетокот на годината почнаа гласини дека бракот на поранешниот италијански фудбалер Франческо Тоти и тв водителката Илари Блази се распаѓа. На почетокот на февруари беше објавено дека Франческо се иселил од нивниот заеднички дом и дека се разведуваат по 17 години брак. Сега конечно стигна и потврдата за овие шпекулации.

„По 20 години заедно и три прекрасни деца, мојот брак со Франческо заврши. Процесот на разделба ќе остане наша приватна работа и нема да давам други изјави за тоа. Ги повикувам сите да се воздржат од шпекулации и пред се да ја почитуваат приватноста на моето семејство“, изјави Илари за порталот „Анса“.

„Се обидов да ја надминеме кризата во нашиот брак, но сега сфаќам дека одлуката за разделба, иако болна, беше неизбежна. Сè што кажав и направив во изминатите месеци беше со намера да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат на прво место од листата на приоритети во мојот живот. Ќе останам близоксо Илари за да можеме заедно да ги одгледуваме нашите три убави деца и секогаш ќе ја почитувам својата сопруга. Верувам дека ќе се почитува нашата приватност, особено мирот на нашите деца“, додаде Тоти.

Да потсетиме, Тоти и Илари се запознале и почнале да се забавуваат во 2002 година, а се венчаа во јуни 2005 година. Заедно имаат три деца – синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Челси го договори Кулибали, следен е Кимпембе

Следно

Спасовски: Упатувам апел за практикување мирен протест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian