Почна постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ

1 min read

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда.

Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири и „Македонска пошта“.

„Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“, наведуваат од Министерството за правда.

Иванагиќ, се наоѓа во екстрадициски притвор во Словенија, откако е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, врз основа на распишана меѓународна потерница.

До Министерството за надворешни работи на Северна Македонија сѐ уште нема пристигнато известување за овој случај.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дијана Иваноска открива лесен рецепт за сладолед со карамел: Чоколада, кафе, овошје, јатки, опциите се бескрајни…

Следно

Гутереш: Важен чекор кон обновување на црноморската рута

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian