Најмалку 2.000 полицајци, хелихоптери, оклопни возила, специјални единици…во центарот на Скопје

1 min read

Блокиран за сообраќај центарот на Скопје, пристигна претседателката на Европска Комисија Урсула Фон дер Лајен, се протестира пред Законодавниот Дом, а сето тоа поради францускиот предлог кој денеска ќе се најде на пленарна седница пред пратениците. 

На социјалните мрежи се алармира за зголеменот присуство на полицијата пред Собранието. 

-Македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните, вели Спасовски, а еве што вели јавноста на социјалните мрежи. 

 Да се чуваш од сопствениот народ значи дека негде ептен си ја…

-Во потрага по изгубени дечиња не активираат хеликоптери, ама за Урсула…

-Најмалку 2000 полицајци во униформа има ангажирано денес во Скопје! Па дали сте нормални бе? Кого плашите?

-Фрчат хеликоптери, оклопни возила, марици, полиција, полицајци во цивилки, специјалци. На поголема спремност се отколку во 2001.

-Донесени полицајци во Скопје од цела Македонија со автобуси. Поставени оклопни возила за разбивање толпа пред Собрание. Сухои го прелетуваат Македонското небо.

-Уште подморници по Вардар да пуштат.

-Ангажирани се цела полиција и цела војска (редовните и резервните состави) цело воздухопловство, оклопни единици, специјални единици…Сѐ против народот

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО: Најмалку 12 загинати во руски напади во централна Украина

Следно

Шкупи ги дозна можните противници во третото коло доколку претходно успее да го победи Динамо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian