Македонските кошаркари ги дознаа противниците во претквалификациите за ЕП 2025

1 min read

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Д во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, заедно со селекциите на Словачка, Данска и Норвешка, одлучи денешната жрепка во Минхен.

Стартот на претквалификациите во трите групи е закажан за крајот на август, а завршните натпревари ќе се одиграат во февруари идната година.

Пласман во квалификациите за ЕП 2025 ќе обезбедат само првопласираните репрезентации во трите групи.

Македонската машка кошаркарска репрезентација последен пат учествуваше на континенталниот собир во 2015 година. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Полицијата приведе четворица од демонстрантите кои денеска гаѓаа со камења кон Собранието

Следно

Борел: За Црна Гора не треба да има ништо поважно од европскиот пат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian