Ковачки сакаше да го запали францускиот предлог, но не успеа, па го искина

1 min read

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска говореше во Собранието на седницата за разгледување на информацијата за францускиот предлог-преговарачка рамка на С. Македонија со ЕУ.

Тој по завршувањето на своето обраќање се обиде да го запали листот хартија со францускиот предлог, но не успеа, бидејќи не му работеше запалкатаи. Потоа го искина, како што го направи и неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

-Не постоите вие за мене од СДСМ. Вашите зборови се неважни, вие сте предавници, рече Ковачки како реплика на пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Симон Трпчески: Горд сум што ќерка ми Лара ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Следно

Со сопругата побегнаа на Малдивите: Претседателот на Шри Ланка поднесе оставка преку меил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian