Кевин Спејси се изјасни за невин за сексуален напад: Судењето продолжува

2 mins read

На Кевин Спејси следната година ќе му се суди во Лондон, откако во четвртокот се изјасни за невин по обвиненијата за недолично однесување пред речиси 20 години.

Кевин Спејси првпат се појави на суд во Лондон: Му се заканува затворска казна до 20 години

Спејси е обвинет во Велика Британија за пет кривични дела – четири точки за сексуален напад со допирање и посериозно обвинение за поттикнување лице да изврши сексуално пенетративен чин без согласност. Обвинителите велат дека Спејси го принудил мажот на орален секс.

62-годишниот американски актер и продуцент, Кевин Спејси Фаулер, се изјасни „невин“ по сите обвиненија пред централниот кривичен суд во Лондон. Носејќи сино одело и очила, тој седеше неподвижен на обвинителната клупа за време на 20-минутното рочиште, а беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година.

кевин спејси
Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

„Ви благодарам господине“, му рекол Спејси на судијата на крајот од рочиштето.

Доколку биде прогласен за виновен, Спејси може да се соочи со казна затвор до шест месеци или парична казна, додека посериозно дело може да му донесе максимална казна доживотен затвор.

Полицијата соопшти дека наводните напади се случиле помеѓу март 2005 година и април 2013 година – четири во британскиот главен град и еден во Глостершир. Тие вклучуваат маж кој сега има 40-тина години и двајца мажи сега се во своите 30-ти.

кевин спејси
Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Некогаш една од најголемите холивудски ѕвезди, Спејси во голема мера исчезна од очите на јавноста откако беше обвинет за сексуално недолично однесување пред пет години.

62-годишникот, кој доби Оскар за најдобра машка улога во „American Beauty“ и најдобра споредна машка улога во „The Usual Suspects“, по обвинувањата беше отстранет oд ТВ серијата „House of Cards“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Челси се откажа трансфер на Кристијано Роналдо

Следно

Џафери: Пораката на Фон дер Лајен е јасна – во предлогот стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian