Карди Би и Офсет ѝ подариле на својата ќерка 50.000 долари за четвртиот роденден

1 min read

Американската раперка Карди Би и нејзиниот сопруг Офсет во неделата го прославија четвртиот роденден на нивната ќерка со патување во Кендитопија. Парот за роденденот на нивната ќерка ѝ подариле 50.000 долари во кеш.

На видеото објавено инстаграм-профилот на Офсет, можеше да се види ќерката на славната двојка Култур како бара да ѝ купат бонбони додека се наведнува низ прозорецот на автомобилот. Неколку моменти подоцна, таа во рацете држеше куп банкноти.

На видеото, во позадина се слуша Карди Би која ја прашува својата ќерка: „Што е тоа?“. Славеничката одговори, нарекувајќи го купот кеш „тикет“, што на сленг значи милион долари. Но, татко ѝ ја поправил, велејќи дека се 50.000 долари.

Ова не е првиот екстравагантен подарок на парот за нивното прво дете, тие претходно на својата ќерка ѝ подарија луксузна чанта за нејзиниот втор роденден, што предизвика бес кај нивните обожаватели поради вредноста на подарокот.

Карди Би потоа возврати на критиките велејќи дека ако нејзиното дете изгледа како „губитник“, повторно сите ќе ја нападнале.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реми на Шкендија во Ереван за пласман во следната квалификациска рунда во Лигата на конференции

Следно

Маричиќ: „Францускиот предлог” е компромис што го правиме заради нас, а не заради Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian