Како да се однесувате ако ве нападне стршен и кое е најопасното место за убод?

2 mins read

„Во пределот на главата е најопасен тој убод, а колку попериферно одиме, толку е поповолен исходот“, објаснува Младен Хорн од Наставниот институт за ургентна медицина на Град Загреб, кое е најопасното место за убод од стршен.

Младен Хрон од загрепскиот Наставен институт за итна медицина за „Н1“ објасни како да се реагира во случај на убод од стршен. Тој истакнува дека во повеќето случаи убодот на стршен завршува со локален и болен еритем.

„Тоа е најблагото што може да биде и во повеќето случаи е така. Луѓето склони кон алергии може да развијат блага алергиска реакција во форма на осип, оток на усните, јазикот и насолзени очи. Додека најтешката форма на алергиска реакција може да резултира со анафилактичен шок. Тој, пак, се манифестира со отежнато пискавично дишење, како последица на кардиоваскуларен колапс доаѓа до хипертензија – на почетокот вртоглавица и човекот може да се онесвести, што може да резултира и со смртен исход“, објаснува Хрон.

Тој додава дека најтешките исходи не се чести.

Анафилактичен шок се случува многу брзо и тоа е еден драматичен настан, ако не пружиме итна помош многу брзо, може да дојде до смртен исход. Во секој случај, треба брзо да реагирате и да повикате итна помош или да отидете до најблиската амбуланта за итна помош“, рекол тој.

Хрон истакнува дека најопасниот убод од стршен е во главата, бидејќи таму се развива ангиоедем, што значи оток на мекото ткиво и тоа ги затвора дишните патишта па доаѓа до задушување.

Тој советува дека треба да се држите подалеку од гнездата на стршените за да не ги испровоцирате бидејќи тие напаѓаат во роеви.

„Во никој случај не е препорачливо да ги мафтате со рацете и да бегате. Ако мафтаме со рацете, тогаш стршенот е најопасен. Треба да бидете мирни и присебни и да чекате тој да си замине“, вели тој.

„Отровот од оса е посилен од отровот од стршен, но опасноста лежи во алергиите. Кај убодот на стршен, алергиските реакции се побурни“, објаснува тој.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Известија“: Саудиска Арабија, Египет и Турција планираат присоединување кон БРИКС

Следно

Шести ден трае потрагата по Мартин, се собираат донации да продолжи додека не се пронајде момчето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian