Иран се закани: Ќе ја казниме секоја грешка на САД и нивните сојузници

1 min read

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека Иран ќе има „остар и брз одговор“ на секоја „грешка“ направена од Вашингтон или неговите сојузници, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Јаир Лапид вчера потпишаа заеднички договор со кој ќе го негираат нуклеарното оружје на Иран, што претставува демонстрација на единство на сојузниците долго поделени околу дипломатијата со Техеран.

„Големата нација Иран нема да прифати никаква несигурност или криза во регионот и Вашингтон и неговите сојузници треба да знаат дека секоја грешка ќе биде пресретната со остар и брз одговор од Иран“, рече Раиси за време на говорот.

Вашингтон и Израел долго време се загрижени за нуклеарните капацитети на Иран. Иран инсистира дека никогаш немал амбиции да направи нуклеарна бомба.

kurir.mk

Претходно

Седницата за францускиот предлог продолжува утре, опозициските пратеници излегоа на протест

Следно

Реми на Шкендија во Ереван за пласман во следната квалификациска рунда во Лигата на конференции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian