Грузиецот најави тужба за германските медиуми: Не сум местел натпревари

1 min read

Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили, кој се соочува со обвинувања за местење натпревари, изјави дека ќе ги тужи германските медиуми кои ги објавија овие информации.

Имено, германската телевизија Зе-Де-Еф неодамна објави сторија дека Басилашвили и рускиот тенисер Аслан Карацев во соработка со нивниот тренер Јахор Јацик наводно учествувале во местење натпревари и дека сето тоа започнало уште во 2013 година и дека тренерот е всушност мозокот на операција.

– Добив информации за написи во германските медиуми во кои се споменува моето име во врска со наводното местење на тениски натпревари. Ваквите наводи немаат врска со реалноста и силно ги демантирам – напиша Басилашвили на социјалните мрежи.

Грузиецот истакна дека е неприфатливо неговото име да се споменува со вакви обвинувања.

– Барам ваквите текстови веднаш да престанат. Целосно демантирам сè што е напишано. Контактирав со германска адвокатска канцеларија која ќе мора да ги заштити моите интереси и да реагира на секој можен начин за да се борам со овие дезинформации кои го нарушуваат мојот углед.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги

Следно

ФОТО | Ева Лонгорија на 47 години изгледа подобро од кога било: Актерката ужива во Италија со семејството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian