ФОТО | Симон Трпчески: Горд сум што ќерка ми Лара ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

1 min read

Јавниот радиодифузен сервис Македонската радио телевизија на крајот на јуни преку соопштение ја информираше јавноста дека Лара Трпческа и Ирина Давидовска се избрани за претставници на нашата држава на Јуниорски Евросонг 2022 година, по предлог на Комисијата, а по претходно одржана аудиција.

Дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска, поддржани од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2022 година што ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија.

Неколку дена подоцна, се огласи и таткото на Лара Трпческа, македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески:

„Се чувствувам гордо и среќно – по официјалното објавување дека ќерка ми Лара е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг оваа година!  Со среќа Лара и Ирина!“, порача Симон Трпчески на социјалните мрежи.

Лара Трпческа и Ирина Давидовска ќе нè претставуваат на детската Евровизија 2022

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четири имиња во игра за наследник на Де Лихт во Јувентус

Следно

Ковачки сакаше да го запали францускиот предлог, но не успеа, па го искина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian