Актерката Ева Лонгорија (47) полека се приближува кон шестата деценија од животот, а судејќи по фотографиите изгледа подобро од било кога. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ ужива на одмор со семејството и пријателите во Италија, поточно на островот Капри.

Лонгорија одлично се забавува, не ја крие насмевката на лицето, а обожавателите ги „почести“ со нови фотографии.

Облечена во црвено минијатурно бикини, Ева Лонгорија го покажа своето извајано тело, оставајќи ги своите фанови воодушевени.
„Надвор од канцеларија“ – напиша актерката во описот на фотографиите додека позираше на бродот.

Следеше лавина од коментари, а голем број од следбениците на актерката наведоа дека никогаш не изгледала подобро.
На една од фотографиите холивудската ѕвезда позира топлес.