Дијана Иваноска открива лесен рецепт за сладолед со карамел: Чоколада, кафе, овошје, јатки, опциите се бескрајни…

3 mins read

Животот навистина може да биде беспрекорно вкусен, а тоа го потврдува и Дијана Иваноска од Тетово, која со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување.

Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Ќе уживате во секое залче: Дијана Иваноска со заводлив рецепт за галети со праски

Денеска оваа талентирана жена денес споделува рецепт за сладолед со карамел.

„Карамел ми е омилен вкус кога станува збор за благо. Ова е прелесен рецепт за сладолед од само две состојки кој може да го прилагодите по ваша желба. Чоколада, кафе, овошје, јатки, опциите се бескрајни. Јас за карамел варијанта употребив дулче ди лече, но може да ставите и карамел домашен или готов сеедно. Се надевам ќе ви се допадне исто колку и мене“, порача таа.

Состојки за основниот рецепт

– 450 мл слатка павлака (или неутрална ако сакате помалку благ сладолед)
– 400 мл слатко кондензирано млеко
– 1 лажиче ванила (опционално)

Додатоци:
– 150 г дулче ди лече или карамел (количината може да ја прилагодите по ваша желба)
– 100 г сецкани лешници

Дијана Иваноска
Фото: Приватна архива

Подготовка:

Ставете ја слатката павлака и слаткото кондензирано млеко во фрижидер преку ноќ. Ставете ја слатката павлака во длабок сад и матете додека добиете средна густина. Додадете го слаткото кондензирано млеко и матете додека добиете цврста смеса. Додадете ја ванилата и убаво изматете. Ова е основната смеса на која може да додадете додатоци и вкусови по ваша желба. Може и да ја поделите смесата и во секој дел да ставите различни додатоци за различни вкусови на сладолед. Дулче ди лечето може да го направите од претходно. Ставете конзерва со слатко кондензирано млеко во тенџере. Покријте со вода и варете на тивок оган 1,5 до 2 часа. Конзервата треба целосно да е покриена со вода цело време. Долевајте вода ако изврие. Оставете да се олади целосно пред да ја отворите конзервата. Додадете дулче ди лече и измешајте ама не целосно. Префрлете ја смесата во сад. Додадете сецкани лешници или други јатки над смесата. Затворете убаво и ставете го минимум 4 часа во фрижидер. Уживајте.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американски политичар со порака до Бајден: Пушташ мигранти илегално да влезат во САД, а да го пуштиш и Новак?

Следно

Почна постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian