Дачиќ: Очекувам СПС да биде во новата влада, ние сме стабилен партнер на СНС

1 min read

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ изјави дека очекува соработката со Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ да продолжи и партијата што ја предводи да биде во новата влада.

„Со оглед на фактот дека СПС е силен и стабилен партнер, и сите добри резултати што заедно како Влада ги постигнавме во претходниот период, нема причина таа соработка да не продолжи“, изјави Дачиќ за денешен Курир.

Затоа, изјави тој, „очекувам СПС да биде во идната влада“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што најави, денеска ги започна консултациите за нова влада со партиите кои го поминаа изборниот цензус во Собранието.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се пишуваат парични казни – голема акција во Аеродром за непрописен паркинг

Следно

Скандинавски предизвик за кошаркарите во претквалификациите за ЕП 2025

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian