Четири имиња во игра за наследник на Де Лихт во Јувентус

2 mins read

Холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт се наоѓа на чекор пред трансфер во Баерн Минхен, поради што екипата на Јувентус започна потрага по неговиот наследник.

Првиот оперативец на Баерн, Хасан Салихамиџиќ се наоѓа во Торино на преговори со челниците на Јувентус за трансферот на Де Лихт. Баерн нуди 60 милиони евра отштета плус 20 милиони во бонуси, додека Јувентус бара помеѓу 90 и 100 милиони, но медиумите во Италија и во Германија сметаат дека трансферот наскоро ќе се реализира поради големата желба на Де Лихт да го облече дресот на тимот за кој навива од мал.

Поради тоа Јувентус тргна во потрага по наследник на Холанѓанецот и на листата на желби се наоѓаат четири имиња, но челниците на „старата дама“ ќе мораат да реагираат брзо.

Нивна желба беше и Калиду Кулибали, тие сакаа да ги добијат парите од трансферот на Де Лихт па да тргнат во лов на Сенегалецот, но Челси ги претрка и го договори трансферор со дефанзивецот на Наполи.

Изминатите денови се шпекулираше со Пау Торес и Бремер од Торино. Но, дефанзивецот на Виљареал е прескап за Јувентус, додека Бремер е на чекор од Интер.

Англиските медиуми пишуваат дека Јувентус тропнал на вратата на Арсенал за да разговара за Габриел. Бразилецот минатата сезона одигра одлучно и Арсенал за него бара 46 милиони евра, што повторно е скапо за Јувентус. Како последно име се споменува на младиот дефанзивец на Ајнтрахт,  Еван Ндика.

22-годишниот Французин во Ајнтрахт дојде од Оксер пред четири години, а неговата вредност се проценува на 35 милиони евра. Тој минатата сезона одигра 32 натпревари во Бундеслигата притоа постигнувајќи четири гола и имаше уште четири асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борел: За Црна Гора не треба да има ништо поважно од европскиот пат

Следно

ФОТО | Симон Трпчески: Горд сум што ќерка ми Лара ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian