Челси се откажа трансфер на Кристијано Роналдо

1 min read

Челниците на Челси се откажаа од идејата да го доведат Кристијано Роналдо на „Стемфорд бриџ“, објавија англиските медиуми.

Португалецот по завршување на минатата сезона изрази желба да го напушти Јунајтед, не замина на турнеја во Тајланд со екипата, а медиумите објавија дека причината за тоа се „семејни причини“, додека агентот а Роналдо, Жорге Мендеш веќе го нуди фудбалерот на екипи низ Европа.

Роналдо сака да го напушти Јунајтед, бидејќи целта му е да игра во Лигата на шампионите, а тоа не може да го постигне со „ѓаволите“ следната сезона.

Штом се појави веста дека Роналдо сака да си оди, медиумите почнаа да зборуваат за можни трансфери, се споменуваа екипи како Баерн, Барселона, Атлетико Мадрид, Рома, Наполи и Челси.

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли сакаше на „Стемфорд бриџ“ да донесе фудбалска ѕвезда, веќе го доведе Рахим Стерлинг од Манчестер сити, но премијата ја гледаше во Роналд.

Но, Боли по разговорот со Томас Тухел, се откажа од трансферот на Роналдо бидејќи менаџерот смета дека Португалецот нема се вклопува во системот на игра.
И ПСЖ наводно ја отфрлил можноста да го ангажира Роналдо, па останува да се види дали Португалецот ќе остане во Манчестер или, сепак, ќе ја смени средината.

Саудијци му нудат неверојатни 250 милиони евра на Роналдо

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковид во Кипар: Им се препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично

Следно

Кевин Спејси се изјасни за невин за сексуален напад: Судењето продолжува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian