Челси го договори Кулибали, следен е Кимпембе

1 min read

Англискиот премиерлигаш Челси вчера го договори трансферот на Калиду Кулибали кој по осум години го напушта Наполи и ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а наскоро треба да добие нов партнер во дефанзивата а „сините“.

Челси се согласи да му плати на Наполи 40 милиони евра, додека Кулибали ќе потпише петгодишен договор со кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Сенегалецот нема да биде единствениот дефанзивец кој ќе го засили Челси летово остана без Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.

Иако се споменуваше името на дефанзивецот на Манчестер сити, Нејтан Аке, денеска во прв план искочи играчот на ПСЖ, Преснел Кимпембе. Германскиот новинар Кристијан Фалк тврди дека Кимпембе е првиот избор на менаџерот на Челси, Томас Тухел бидејќи соработуваа заедно во ПСЖ. Исто така медиумите не ја исклучуваат можноста и Кимпембе и Аке летово да го засилат Челси.

Тухел смета дека Кимпембе идеално би се вклопил во одбранбената линија на Челси каде е и поранешниот соиграч од ПСЖ, Тијаго Силва.

Евентуалното заминување на Кимпембе во Челси би можело да предизвика вртешка бидејќи ПСЖ би тргнал по потписот на Милан Шкринијар од Интер кој пак би го ангажирал Чаглар Сојунџу од Лестер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем шумски пожар на грчкиот остров Самос

Следно

„Принцот на Рим“ потврди дека се разведува од Илари Блази по 17 години брак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian