Бројот на уапсени учесници на денешниот протест се искачи на десет

1 min read

Вкупно десетмина учесници во денешниот протет пред Собранието досега се приведени поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон и кон собраниската зграда, соопшти МВР.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, покрај веќе објавените, за фрлање тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од село Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и С.М. (65), а О.Ч. (38) од Ресен поради обид за кражба со цел демонтирање на заштитната ограда пред зградата на Собранието, по член 236 од Кривичниот законик.

Од МВР велат дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најбогатите луѓе на светот: Еве го нивниот хороскопски знак

Следно

Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian