Бил Гејтс донира 20 милијарди долари на фондацијата што ја води со својата поранешна сопруга

1 min read

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, донира 20 милијарди долари за добротворната организација што ја води со поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за да ги зголеми годишните донации.

Донацијата ќе ѝ помогне на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс – една од најголемите приватни добротворни фондации во светот – да ги зголеми годишните исплати за 50 отсто, на 9 милијарди долари, до 2026 година, напиша Гејтс на својот блог во средата.

„Големите кризи бараат од сите нас да направиме повеќе“

„Големите кризи на нашето време бараат од сите нас да направиме повеќе“, напиша Гејтс, мислејќи на пандемијата на ковид-19, војната во Украина и климатските промени.

Тој додаде дека сложените последици од кризата, кои вклучуваат зголемување на инфлацијата, ја зголемија потребата за поголеми инвестиции во областите на главниот фокус на фондацијата, како што се здравството, образованието, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата.

Со ова донацијата на организацијата се зголемува на околу 70 милијарди долари, што ја вклучува донацијата од 3,1 милијарди долари од Ворен Бафет минатиот месец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкендија брани два гола предност во Ерменија, тешка задача за А. Пандев 

Следно

Кејт Мари Брнз за МИА: САД отсекогаш го поддржувале пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian