Берлускони не запира, во Монца носи уште еден играч на Интер за 20 милиони евра

1 min read

По стоперот Андреа Ранокја и играчот од средниот ред Стефано Сенси, новиот тим во Серија А, ќе ангажира уште еден фудбалер на Интер во летниот преоден рок.

Во Монца пристигнува напаѓачот Андреа Пинамонти, за кого газдата на екипата, Силвио Берлускони ќе плати дури 20 милиони евра.

Поточно, станува збор за позајмица со задолжителен откуп на договорот идното лето. Монца сега ќе плати два милиони, а уште 18 милиони евра идната година.

Според италијанските медиуми, Интер ќе има опција да го купи 23-годишниот фудбалер за 30 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изгоре автомобил во Скопје

Следно

Локално и автентично | „Design&Tales“: Сонот ќе остане само сон ако не направиме нешто за да го реализираме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian