Арсовска го разреши директорот на скопската Зоолошка градина

1 min read

Градот Скопје попладнево информираше дека од позицијата директор на скопската зоолошка градина е разрешен Кристијан Стаменов. 

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов информираат од Град Скопје од каде се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

– Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува, велат од градот Скопје. 

Попладнево во дел од медиумите беше објавена информација дека во скопската Зоолошка градина вчера се заклани 10 коњи, а месото од нив ќе се користи како храна за животните. Стаменов потенцираше дека станува збор за животни кои не биле погодни за чување и месото од нив ќе се користело за исхрана на лавовите. 

Стаменов е второ разрешување во редовите на градските претпријатија, откако пред неколку денови беше сменет и директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енуз. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Поради болеста на својот сопруг: Белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес поднесе оставка

Следно

Центарската линија на МЗТ Скопје посилна за Србинот Миќовиќ

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian