Антиќ: Ова е историски момент за женската кошарка, верувам дека можеме да ја победиме Словенија

2 mins read

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години со победите над Романија и на Косово, успеа да ја обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.

Селекторката Јелена Антиќ е задоволна од прикажаните игри во групната фаза која ја завршија со две победи над Романија и Косово и два порази од Хрватска и Црна Гора и утре од 18.45 часот ќе играат против Словенија за пласман во полуфиналето.

– Среќна сум што успеавме да се вратиме по лошите резултати против Хрватска и Црна Гора, особено против Хрватска бидејќи тоа беше меч за кој ние мислевме дека можеме да го добиеме. Се случи кикс, атмосферата не беше на посакуваното ниво уште од почетокот и тоа се одрази на конечниот резултат. Сепак, јас сум среќна и горда на екипата бидејќи успеа да се избори со емоциите. Ова се млади девојчиња кои сè уште немаат големо искуство и нормално е секој лош настап, особено кога станува збор за порази со толкава разлика да се одрази на нив. Успеавме со разговори и смиреност да им влееме самодоверба. Пред сè да сфатат дека, всушност, ние сме добра екипа и дека веројатно недостасуваше многу малку за да дојдеме до победата против Романија. Атмосферата и енергијата што ги имавме како екипа, како и поддршката од трибините беа на посакуваното ниво кога најмногу требаше и тоа беше клучно за триумфот со кој влегуваме во четвртфиналето- вели Антиќ.

Антиќ не се задоволува со постигнатото во групната фаза и очекува пласман во полуфиналето.

– Ова е историски момент за македонската женска кошарка. Но, јас не сум човек кој се задоволува лесно, верувам дека можеме да играме против Словенија и се подготвуваме на таков начин. Самодовербата ни е на високо ниво и така треба да остане бидејќи ова е женска кошарка и се е возможно. Искрено се надевам дека ќе се избориме за победа – порачува Антиќ пред првата елиминациска битка на првенството во Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Која беше Ивана Трамп поранешната сопруга на Доналд Трамп

Следно

СМЕШНО ВИДЕО | Куче се обидува да ѝ украде храна на сопственичката без таа да го забележи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian