Џанан Муса е нов кошаркар на Реал Мадрид

1 min read

Најкорисниот играч на шпанското првенство минатата сезона Џанан Муса е нов кошаркар на Реал Мадрид и воедно прво „кралско“ засилување за следната сезона. Информацијата ја потврдија и Реал Мадрид и агентот на кошаркарот,Мишко Ражнатовиќ.

Муса претходната сезона ја мина во Бреоган и во шпанската АЦБ лига имаше просек од 20,1 поен, 5,1 скок и 3,1 асистенции.

Професионалната кариера ја започна во 2015 година во екипата на Цедевита. На НБА драфтот во 2018 година беше избран од Бруклин Нетс, а веднаш замина во Њујорк и помина две години во НБА. Во еден период играше во развојната лига за Лонг Ајленд Нетс.

Во Европа се врати во 2021 година и играше за Анадолу Ефес по што следеше трансфер во Бреоган.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

55-годишен маж од Дебар узурпирал и градел на државно земјиште без дозвола

Следно

Ќерката на Ед Ширан доби необично име: Една планета од Сончевиот Систем била инспирација за пејачот и неговата сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian