Американски политичар со порака до Бајден: Пушташ мигранти илегално да влезат во САД, а да го пуштиш и Новак?

1 min read

Членот на сенатот на сојузната држава Тексас, Дру Спрингер го повика претседателот на САД, Џо Бајден да реагира и да му дозволи влез во земјата на Новак Ѓоковиќ.

Според актуелните прописи на властите во САД, Новак Ѓоковиќ засега не може да учествува на УС Опен бидејќи не му е дозволено да влезе во земјата поради тоа што е невакциниран.

Оваа одлука на Вашингтон наиде на осуда на голем број спортски работници но и политичари кои сакаат да го видат Ѓоковиќ на последниот годинешен гренд слем турнир.

– Бајден му забранува на Новак Ѓоковиќ да влезе во САД за да настапи на УС Опен, но им дозволува на милиони невакцинирани мигранти кои илегално влегле во земјата да ја поминат границата – напиша Спрингер на својот профил на Твитер.

УС Опен треба да се игра од 29 август до 11 септември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Утрово е подобра ситуацијата со пожарот кај Шибеник

Следно

Дијана Иваноска открива лесен рецепт за сладолед со карамел: Чоколада, кафе, овошје, јатки, опциите се бескрајни…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian