55-годишен маж од Дебар узурпирал и градел на државно земјиште без дозвола

1 min read

Педесет и петгодишен маж заработи кривична бидејќи  безправно градел и узурпирал недвижности.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР), надворешната канцеларија за криминалистички работи од Дебар ја поднела кривичната пријава против лицето Г.Ц.(55) од Дебар. 

Како што се наведува во извештајот на МВР, Г.Ц.  во текот на 2022 година, на парцела покрај Дебарско Езеро, узурпирал земјиште во државна сопственост со површина од 440,4 м2 и без да се стекне со одобрение за градење изградил зграда и потпорен ѕид, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на буџетот на Република Северна Македонија и буџетот на општина Дебар.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Наместо со Јупитер, Макрон ја претпочита споредбата со Вулкан

Следно

Џанан Муса е нов кошаркар на Реал Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian