ВИДЕО: Страшен пожар во Далмација, евакуирано населението, војниците им помагаат на пожарникарите

1 min read

Страшен пожар избувна во Шибеник, Далмација, а поради силниот ветер огнот се рашири и низ неколку населби, пренесуваат хрватските медиуми.

На терен пожарот го гаснат над 100 пожарникари со 40 возила, а уште два противпожарни авиони се борат против пламените јазици. Хрватската војска исто така им помага на пожарникарите во гаснењето.

Хрватските медиуми пишуваат дека е наредена евакуација на населението.

Страшниот пожар зафатил и една црква, а повеќе детали се очекуваат во следните часови.

Наскоро се очекува да пристигне и премиерот Андреј Пленковиќ со дел од министрите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Павле Трајанов објави што предлага Собранието да заклучи околу францускиот предлог

Следно

Македонските кошаркарки се многу блиску до четвртфиналето на ЕП „Дивизија Б“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian