ВИДЕО: Страшен пожар во Далмација, евакуирано населението, војници им помагаат на пожарникарите

1 min read

Страшен пожар избувна во близина на хрватскиот приморски град Шибеник, а поради силниот ветер, огнот се прошири и низ неколку населени места, пренесуваат хрватските медиуми.

На терен пожарот го гасат над 150 пожарникари со 40 возила, а уште четири противпожарни авиони се борат против пламените јазици. Хрватската војска исто така им помага на пожарникарите во гаснењето.

Хрватските медиуми пишуваат дека е наредена евакуација на населението, а дел од луѓето биле спасувани со бродови. Локалните власти издадоа повик до сите полнолетни жители на областа да се вклучат во гасењето.

Огромниот пожар зафатил и една црква, а повеќе детали се очекуваат во следните часови.

Наскоро се очекува да пристигне и премиерот Андреј Пленковиќ со дел од министрите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Антиврховизмот и македонизмот на Сандански и на санданистите (10)

Следно

Синот на славниот писател го промени полот: Тој во светот влегува како прекрасна жена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian