ВИДЕО, Саинц: Го видов пожарот, никој не дојде побрзо да ми помогне

1 min read

Возачот на Ферари бил изненаден што кога неговото возило се запали за време на трката за Големата награда на Австрија, маршалите бавно реагирале, па морал без помош отстрана да се спасува

Карлос Саинц рече дека е „малку изненаден“ што маршалите не му дошле побрзо на помош откако неговото Ферари се запали на трката за ГН на Австрија минатиот викенд.

Опшувајќи ја реакцијата на маршалите на патеката како „прилично чудна“, Саинц откри дека бил принуден да скокне од својот автомобил додека возилото се тркалало наназад низ патеката. Во интервју, возачот на Ферари рече:

– Беше многу чудно. Го видов пожарот во ретровизорот и бев малку изненаден што никој не дојде побрзо да ми помогне. Притиснав на сопирачката, но штом се обидов да скокнам, не сакав да го оставам автомобилот целосно надвор од контрола и да се тркала наназад – изјави Саинц.

Бавниот одговор на маршалите во Ф1 на Ред бул ринг за време на несреќата на Карлос Саинц доби широко внимание од навивачите. Додека многумина ги етикетираа маршалите како некомпетентни, други ја повикаа ФИА да работи подобро за да ја осигура безбедноста на возачот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прајс: САД го охрабруваат дијалогот за формирање нова бугарска влада

Следно

Тесна трка за телевизиските награди „Еми“: „Succession“ во конкуренција со „Squid Game“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian