ВИДЕО | „Истата улога ја игра 35 години“: За Мики Рурк актерот Том Круз е „небитен“

2 mins read

По 36 години Том Круз повторно ги стави своите пилотски очила, се качи на воениот авион и се вивна на топ-листите на Холивуд. Кино салите во Америка се преполни, се бараше карта повеќе. Фановите на „Топ Ган“ воодушевени од новиот филм на холивидската ѕвезда „Топ Ган – Маверик“ кој заработи 134 милиони долари уште во првиот викенд откако почна да се прикажува во кината во Северна Америка.

Сите овие факти и бројки за американски актер Мики Рурк не значат ништо. Во неодамнешното интервју со Пирс Морган, Рурк го нарече својот колега Том Круз „небитен“.

 

 

„Тоа не ми значи ништо“, рекол Рурк кога Морган го прашал какво е чувството да се види Том на врвот на киноблагајните со „Top Gun- Maverick“, продолжението на култниот филм од 1986 година. „Типот ја игра истата улога веќе 35 години“, истакнал Рурк во интервјуто и додал: „Немам почит кон тоа. Не ми е гајле за парите и моќта… Ме интересира да ги гледам Ал Пачино и раните улоги на Крис Вокен, Де Ниро, Ричард Харис и Реј Винстон. Таков актер сакам да бидам. Како Монти Клифт и Брандо на времето“, истакнал актерот.

 

„Не мислите дека Том Круз е добар актер?“, го прашал Морган. „Мислам дека тој е небитен во мојот живот“, одговорил Рурк.

Рурк исто така беше на врвот на својата актерска кариера пред се да тргне надолу. Минатата година 69-годишниот актер се осврна и на филмовите на „Marvel“ и актерите кои играат во нив. Тој открил дека ја сака серијата „Law & Order: SVU“ која започнал да ја гледа во текот на карантинот, а во објава на својот инстаграм – профил од мај 2021 година, поранешниот боксер ја искористил приликата да ги прокоментира и остварувањата на „Marvel“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Деценискиот спринт на Ѓоковиќ и фаќањето чекор со неговите најголеми ривали

Следно

Забрзано се уредува новиот парк од 5.000 квадрати во населбата Ченто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian