Непознати лица во средата во раните утрински часови поставиле тројна експлозивна направа во просториите на медиумската групација „Реал груп“, при што нанеле сериозни оштетувања на објектот, објави Катимерини.
Зградата се наоѓа на авенијата Кифисијас, во Маруси и во неа се сместени медиуми како радио станицата Real FM и неделниот весник Real News.
Истражниот оддел на Противпожарната служба лоцираше три плински канистри залепени со леплива лента под надворешни скали помеѓу приземјето и првиот кат. Забележано е дека приземјето е празно, на првиот и вториот кат се сместени канцелариите на Real FM и Real News, додека на третиот кат се сместени канцелариите на бродска компанија.
За среќа нема повредени, иако во зградата има работници. Пожарникарите по скалите симнале тонски техничар, кој поради проблеми со дишењето бил пренесен во болница за да му укажат прва помош.
#Πυρκαγιά σε κτίριο επί της Λεωφόρου Κηφισίας στο Μαρούσι. Επιχειρούν 18 #πυροσβέστες με 6 οχήματα.
— Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) July 13, 2022
Главната штета е причинета на третиот кат, но доволно штета има и на другите два.
Се очекува екипа од Одделот за деактивирање на експлозивни направи (ЕДД) да го испита теренот за да утврди дали има и други направи, освен веќе идентификуваната. Прелиминарната истрага за случајот најверојатно ќе ја преземе Државната безбедност.
„Не палат! Тие се обидуваат да не затворат!“ изјави шефот на медиумската групација Никос Хациниколау во својата објава на Инстаграм.
#Πυρκαγιά σε κτίριο επί της Λεωφόρου Κηφισίας στο Μαρούσι. Επιχειρούν 18 #πυροσβέστες με 6 οχήματα.
— Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) July 13, 2022
Инаку, пожарот започнал на третиот кат од зградата околу 3 часот по полноќ и брзо се проширил.
Под контрола е ставен околу два часа подоцна, благодарение на интервенцијата на Противпожарната служба, со 18 пожарникари и шест возила на терен.
-За овој нов удар врз слободата на печатот сè уште не се појави никаква одговорност, нагласуваат грчките медиуми.
Осуда од политичкиот свет
Министерот за развој Адонис Георгиадис изрази осуда за палењето на групацијата, пишувајќи во својот пост дека „тероризмот нема да победи“.
-Неверојатни слики! Тероризмот нема да победи и нема да дозволиме станицата да се затвори и толку луѓе да останат без работа! Со вас во ова сме сите ние, напиша тој.
Απίστευτες εικόνες! Η τρομοκρατία δεν θα νικήσει και δεν θα αφήσουμε να κλείσει ο σταθμός και να χάσει την δουλειά του τόσος κόσμος! Μαζί σας σε αυτό όλοι μας @NChatzinikolaou https://t.co/oz5RlEjWsi
— Άδωνις Γεωργιάδης (@AdonisGeorgiadi) July 13, 2022
„Нападот врз Realfm 97.8 и Real News, кој предизвика пожар и загрози човечки животи, апсолутно е кривично дело за осуда, кое е насочено против слободата на изразување во нашата земја“, нагласува во објавата на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Никос Дендиас.
Η επίθεση κατά @Realfm978 και Real News, από την οποία προκλήθηκε πυρκαγιά και κινδύνευσαν ανθρώπινες ζωές, είναι μία απολύτως καταδικαστέα εγκληματική ενέργεια, που στρέφεται κατά της ελευθερίας της έκφρασης στη χώρα μας.
— Nikos Dendias (@NikosDendias) July 13, 2022
Владиниот претставник Јанис Оиконому го осуди подметнувањето пожар во канцелариите на Реал Груп.
„Кој мисли дека на овој начин ќе и наштети на слободата на печатот, е во тешка грешка. Владата цврсто стои до медиумите и нивните вработени, непопуштајќи под притисоците на оние кои се против слободното изразување“, се вели во соопштението.