Уставниот суд укина дискриминаторска одредба за помош за новороденчиња во Ѓорче Петров

2 mins read

Уставниот суд на денешната седница укина дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година, донесена од општинскиот Совет со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите.

Оваа Одлука, како што велат од Судот, е оспорена меѓу другото поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето.

Уставниот суд оцени дека со оваа Одлука се повредува уставното право на еднаквост на граѓаните, предвидено во членот 9 од Уставот.

Подносителот на иницијативата Денис Димовски од Скопје смета дека оспорениот дел од Одлуката упатува на потребата барателот да поднесе и документ за „брачниот статус на сопружниците“, кон барањето за доделување на еднократна парична помош на семејството со новороденче од подрачјето на Општината Ѓорче Петров, меѓу другите документи кои се набројани во членот 3. За состојбата на брачниот статус на апликантите, според подносителот, воопшто не треба да се доставува доказ, бидејќи еднократната помош се доделува на новороденче.

Меѓу другото, подносителот наведува дека со оспорениот дел од членот 3 на Одлуката се доведуваат во нерамноправна положба вонбрачните семејства, бидејќи за оние кои немаат документ за статусот на брачна заедница не им се дава паричната помош за новороденче или во пракса се бара изјава дека се работи за самохран родител што е невистинито, кога се работи за вонбрачна семејна заедница каде родителите не склучиле брак, а се во заедница.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

411 нови случаи на ковид-19, позитивен бил секој трет тест

Следно

Прајс: САД го охрабруваат дијалогот за формирање нова бугарска влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian