Успешно реализирана акцијата за целосно чистење на Камениот мост на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита

1 min read

Изминатите денови по налог на Град Скопје екипите на јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост. 

На екипите од јавните претпријатија  на терен им помагаа пожарникари коишто ги чистеа непристапните  делови на мостот. Се пристапи кон целосно чистење на диво изникнатата вегетација на самите столбови на Камениот мост и целосно беа отстранети отпадоците што несовесните граѓани ги фрлаат во испакнатите делови на столбовите.

Во текот на акција екипите собраа пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид на отпадоци. 

Пожарникарите на терен користеа јажиња, скали и други помагала за да ја завршат успешно заедничката акција за темелно чистење на Камениот мост, кој како национално културно наследство е еден од најзначајните знаменитости на градот Скопје.

„Градот Скопје продолжува со спроведување акции за чистење и отстранување на отпадот во сите населени места, како и објектите од јавен интерес за почиста животна средина за сите граѓани“, истакнаа од Град Скопје.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Телефонот на Каевски постојано ѕвони, граѓани им вратат на пратениците откако јавно им беа објавени телефонските броеви

Следно

Тирана и Белград најскапи, Приштина најевтина во регионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian