Телефонот на Каевски постојано ѕвони, граѓани им вратат на пратениците откако јавно им беа објавени телефонските броеви

3 mins read

Телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција се појави на социјалната мрежа Твитер, во пресрет на утрешната пленарна седница на македонското собрание на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“.  Јавното објавување на броевите, како што може да се забележи од пораката на објавата, е со цел да бидат достапни на граѓаните кои ќе сакаат да им извршат директен притисок за да не го изгласаат францускиот предлог.

Телефонските броеви на пратениците се проследени со порака „Порачајте им да не го предаваат народот“, со што се нагласува на можноста да се ѕвони на нивните броеви и лично да се влијае на нивното мислење во однос на „францускиот предлог“.

Пратеничката група на СДСМ потегот го објаснува како дел од „црните сценарија“.

Телефонските броеви секако се јавни и достапни на сите граѓани. Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал. Уверени сме дека граѓаните нема да подлегнат на шпекулациите и лагите, затоа што заклучоците што ќе ги предложиме и гласаме гарантираат продолжување на европскиот пат со безусловно почитување на македонскиот јазик и безусловно почитување на идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ сега и секогаш во иднината, велат од СДСМ.

Дарко Каевски вели дека од вчера му се јавуваат голем број граѓани, со барање да не се прифати францускиот предлог.

Денеска ми се јави една повозрасна госпоѓа и откако и објаснив дека предлогот е добар за нас Македонците, се предомисли и ми порача да го направиме најдоброто за нашата земја, рече Каевски.

На пратеничката Љатифа Шиковска денеска и стигнала СМС порака, без заканувачка содржина, туку со молба да не се прифати предлогот.

Повик се уште не сум добила, но добив порака, која не беше вознемирувачка, туку беше со апел да не направиме зло на државата и народот, вели Шиковска.

Илире Даути од Алијанса за Албанците вели дека неа никој и се нема јавено за да и врши притисок пред гласањето за францускиот предлог.

Првпат слушам за ова од Вас, мене никој ми се нема јавено за да ми врши било каков притисок. Воопшто не ни знав за овој список со телефонски броеви којшто се појавил на социјалнните мрежи, вели Илире Даути.

Иако припаѓаат на истата коалиција, од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС. Овиe три партии кои во Собранието се претставени со 4 пратеници во изминатиот период изразија резерва околу можноста да го поддржат предлогот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска се разведуваат: Ставија точка на десетгодишниот брак

Следно

Успешно реализирана акцијата за целосно чистење на Камениот мост на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian