Стојчев: Нема да се предадеме, веруваме во успех против Лехија Гдањск

2 mins read

В четврток со почеток од 17.00 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје екипата на Академија Пандев ќе го игра реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на конференции против Лехија Гдањск.

На првиот меч одигран во Полска составот на Лехија триумфираше со 4:1 и е поблиску до пласман во второто коло каде што веќе чека Рапид Виена од Австрија.

И покрај високиот пораз „пандевци“ на возвратната пресметка нема да влезат со „бело знаме“, туку ќе се обидат со сите сили да ја анулираат негативата.

– Лехија е фаворит во овој двомеч, но според мене резултатот во Полска не е реален, бидејќи имавме шанси кои не ги искористивме. Нема да се предадеме, тимот верува дека може да направи успех. Мораме да бидеме перфектни и во одбрана и во напад, Лехија има квалитет и знае секоја грешка да ја казни. Тешки се европските мечеви бидејќи се играат во висок ритам, но ние имаме млади играчи кои сакаат да се докажуваат – вели тренерот на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев.

И капитенот на македонскиот вицешампион, Диме Димов ветува дека тимот ќе го даде максимумот во вториот меч со Полјаците.

– Нема што да загубиме, иако мислам дека е нереален резултатот од првиот натпревар. Доколку постигнеме гол во раната фаза, можеме да се надеваме на поинтересен меч. Секако, мораме да ја сочуваме нашата мрежа, а ние да дадеме 200 посто од нас, затоа што противникот знае да ја казни секоја грешка – рече Димов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хеликоптер се урна во близина на грчкиот остров Самос, спасени двајца од екипажот

Следно

ФОТО | Клои ги разоткри: Дали Ким Кардашијан и нејзиното момче Пит имаат фетиш на стапала?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian